Народот на Украина веќе не ги признава како раководство. Народот не можеш да го излажеш. Тој е стрплив, но и трпението наскоро ќе заврши- порача обвинителката.
Наталија Поклонскаја е обвинителка во Крим и важи за жена во која претседателот Владимир Путин има најголема доверба. Наталија ги обвини властите во Киев дека подготвуваат диверзија на Крим.
-Тие дојдоа на власт со државен удар и сега го покажуваат своето вистинско лице и кукавичкиот став. Дури немаат ни храброст да признаат- им порача Поклонскаја.
Наталија им порача на властите дека ја немаат поддршката на народот.
– Народот на Украина веќе не ги признава како раководство. Народот не можеш да го излажеш. Тој е стрплив, но и трпението наскоро ќе заврши- порача обвинителката.
Руската федерална служба за безбедност соопшти дека на 8 август спречила терористики напад на Крим кој бил подготвуван од страна на украинското министерство за одбрана.