Најбрзиот автомобил на светот е електричен. Во прашање е aвтомобилот “PININFARINA BATTISTA”, кој има дури 1900 коњи и достигнува максимална брзина од неверојатни 349 километри на час.
Овој автомобил е побрз од сите болиди во Формула 1, а со него не може да се спореди ниту еден “Ферари” или “Ламбургини”.
Претставен е на Саемот за автомобили во Женева и се одликува со неверојатни технички податоци. Од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од 2 секунди.
Брзината од 300 км/час достигнува за 12 секунди, а со едно полнење може да помине 450 км.
Сериското производство на оваа “ѕверка” започнува во 2020 година.