Во рамките на 5. коло од Втората фудбалска лига, прилепска Победа доживеа дебакл на гостувањето кај Скопје во Железарница – крајниот резултат на семафорот срамни 8:1.
Иако натпреварот започна израмнето и до 26. минута резултатот беше 1:1, домашниот тим остана со играч помалку поради црвен картон за груба игра. Сепак, наместо тоа да биде предност за прилепчани, мечот се претвори во вистинска катастрофа – и покрај одбранетиот пенал на голманот Виктор Анѓелевски, „црвено-белите“ не успеаја да одржат чекор и примија уште седум погодоци.
Оваа висока загуба предизвикува сериозни реакции и загриженост кај навивачите, кои со право очекуваат повеќе од тим со квалитетни играчи и звучни имиња во составот.
Втората екипа од прилепско, ФК Големо Коњари исто така забележа пораз – на свој терен беа поразени од Осогово со 0:2.
ПОбеда и Големо Коњари и после ова коло се наоѓаат на последните две позиции на табелата, а во наредното коло ќе се соочат на Градскиот стадион “Гоце Делчев”.