Претежно облачно време со повремен локален дожд, особено во западните делови од земјата, не очекува денес.
Како што најавува УХМР, почнувајќи од запад повторно ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност од Медитеранот кој ќе донесе нови врнежи од дожд, а поради продор на постуден воздух од север на планините над 1.000 метри надморска височина во западна Македонија има веројатност врнежите постепено да поминуваат во снег.
Утре облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Во петок ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места на запад и север можни се повремени врнежи од дожд и снег, додека на планините над 1.000 метри надморска височина врнежите ќе бидат главно од снег.
На места ќе има пообилни врнежи, особено на југ. Дневната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.