MОРЧЕЛА ЕСКУЛЕНТА (MORCHELLA ESCULENTA) или “СМРЧАК” е вид на габа во семејството МАРЧЕЛА и е една од најбараните печурки за јадење. Сезоната на смрчакот е во месец мај. Расте во иглолисни планински шуми и на чистинките околу нив. Во многу голем број се јавуваат на опожарени места.
Смрчакот е богат со протеини, масти, растителни влакна, јаглени хидрати. Исто така има лековити својства вклучувајќи анти-тумор ефект, имунорегулаторни својства и антивирусни ефекти, што го прави доста ценет на пазарот.
Оваа печурка е една од највкусните и се претпоставува дека токму поради неа горат голем број пожари низ државата.
Како мерка која би можела во секој случај превентивно да делува во ова време и во една ваква ситуација, е тоа оваа печурка привремено да се забрани за откуп.
А/Г/