NBA играчот роден во Охрид не заборави на Македонија: Македонското знаме се најде на NBA Аll-Star натпреварот (Фото)

Tурскиот интернационалец кој настапува за екипата на Кливленд во НБА лигата, Чеди Осман, ја донесе Македонија на подиумот од АЛЛ-СТАР натпреварувањето за дебитанти кое викендов се одржува во Шарлот.

Турскиот спортски портал “Sporx Basketbol” неколку часа пред почетокот на натпреварот на Твитер објави фотографија од уникатните патики кои токму Чеди ги носеше на синоќешниот натпревар.

На патиките е насликано македонското и турско знаме, а истите изгледаат прекрасно.

Осман е роден во Охрид, неговиот татко е Турчин, а мајка му е Босанка и се чини дека не заборавил на своето потекло од Македонија.

Својата кариера Чеди Осман ја започна во Кошаркарскиот клуб Босна, а во 2007 година потпиша за Анадолу Ефес. Поради неговото турско потекло веднаш беше прифатен и во турската репрезентација каде и денеска настапува.

Во сезоната 2011/12 бил позајмен во Пертевниал, а летото во 2012 потпишал професионален договор со Анадолу.

На 25 јуни 2015 година, Осман бил избран како 31 играч на драфтот од екипата на Минесота, а во 2017 година премина во Кливленд Кавалирс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.