На 05.09.2016 година во 17.00 часот во музичкото училиште „ Ордан Михалоски – Оцка “ Прилеп, беа пречекани новите ученици кои во наредниот период ќе ги изучуваат тајните и убавините на музиката преку различните интрументи. Во изминатиот период музичкото училиште изврши упис на кој се пријавија повеќе од 120 ученици, од кои 93 успешно ја поминаа аудицијата.
Со ова се докажува дека интересот кон музиката кај најмладите се повеќе доаѓа до израз. За подобрување на условите за настава, во тек се градежни активности во просториите на музичкото училиште, но сепак наставата по сите инструменти започна редовно и навремено да се реализира. Часовите по хармоника, флејта, соло пеење и народни инструменти се одржуваат во просториите на НУЦК „ Марко Цепенков “ Прилеп, додека часовите по гитара, саксафон, кларинет и труба во ОУ „ Рампо Левката “. Часовите по пијано и виолина се одвиваат во помошните простории на музичкото училиште и во ОУ „ Кочо Рацин“. И покрај тоа што сме на самиот почеток на учебната година, учениците редовно и неуморно продолжуваат со настапи на голем број концерти, на кои успешно ја пренесуваат музиката и талентот.