Живеел еднаш еден стар и мудар самурај. Имал повеќе ученици и ги учел на мудрости и воени вештини.
Еден ден, за време на оброкот, дошол еден млад воин, познат по својата грубост и суровост.
Неговата омилена тактите била провокација: ги навредувал противниците и така противникот губел трпение, го прифаќал предизвикот, но во бес правел грешка, и секако ја губел борбата.
Така се случило и овој пат: воинот кажал неколку навреди и започнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со предавањето.
Младиот самурај својата постапка ја повторил уште неколку пати. Кога учителот самурај не изреагирал и по трет пат, нервозниот воин го напуштил предавањето.
Останатите ученици вниматено ја проследиле оваа ситуација. После заминувањето на младиот воин, еден од нив не издржал и рекол:
“Учителу, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!”.
Mудриот самурај одговорил:
“Кога некој ви носи поклон и вие не го прифатите, каде ќе заврши поклонот?”
“Кај својот сопственик”, одговориле учениците.
“Истото е и со зависта, омразата, навредата и злобата. Се додека не ги прифатите, тие и припаѓаат на личноста која ги носи”, им рекол мудриот учител на своите ученици.