Македонци, нели научивте нешто во овие изминати 25 години суверена, самостојна и независна Македонија?
Ќе дозволиме ли како МАКЕДОНСКИ народ да ја прокоцкаме државата која со векови сме се бореле да ја имаме?
Нели научивме нешто кога се продаде знамето? Научивме ли нешто кога се продаде името?
Научивме ли нешто кога си ја продадовме националната држава Македонија во 2001година?
Научивме ли нешто како се губат македонски општини како Струга и Кичево во 2004?
Македонците имаат една држава, да не дозволиме да ја загубиме.
Излезете и гласајте, гласајте за Македонија каде ќе има еден службен јазик, за Македонија каде официјално ќе се вее едно знаме, за Македонија која нема да го смени Уставот на штета на Македонците.
Ние сме мирољубив народ и имаме трпение.
Но трпението е при крај со овие предавства што ги прави ЗАЕВ…не велам СДСМ, бидејќи таму сеуште има луѓе кои се разумни и кои ќе го срушат Заев на 11 декември.
Македонија треба да остане за нашите поколенија, на кој не му се допаѓа концептот за МАКЕДОНИЈА која треба да се почитува од сите заедници нека си оди.
И господа запомнете, иде ново време, Македонците се се повеќе обединети околу идејата за Македонија каква што беше на АСНОМ.
Ние ќе тргнеме напред да го зачуваме тоа што некои пред нас го создавале.
Нема прошка повеќе за никој.
11ти декември е само дел од она што треба да го направиме за да ја зачуваме Македонија и Македонците како народ.
Коцките ќе се редат после тоа.
Некои можеби нема да ме разберат што кажувам денес но ќе ме сфатат по некое време.
Да живее Македонија и да ја вратиме државата во рацете на народот.