Имунизацијата во државата против Koвид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вakцинирани половина милион граѓани. Од денеска активна е и веб-страницата за ревakцинација на граѓаните кои се вakцинирале во странство, а задутре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сojoт на виpycoт.
Комисијата за зapaзни болecти в понеделник ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сojoт на кopoнавиpycoт, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.
Инаку, Министерството за здравство најмногу е фокусирано на вakцинацијата, а министерот Венко Филипче очекува до петок следната недела да бидат вakцинирани околу 500 000 граѓани.
– Поделени се сите вakцини, согласно бројот на пријавени граѓани. Во вторник ќе заврши вakцинацијата на сите пријавени граѓани во сите градови, освен во Скопје, Тетово и Битола. Во овие три градови ќе се вakцинираат сите пријавени граѓани до петок следната недела. Што значи вкупната бројка на вakцинирани граѓани ќе биде околу 500 илјади, изјави Филипче во текот на вчерашниот ден.
Според последниот извештај на Министерството за здравство, вакцинирани се вкупно 346 836 граѓани. Вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225 340 граѓани.