Телото на Вотсон Фреклин Мандуан Дороте од градот Тинго Марија било во ковчек кога некои од роднините забележале дека плуќата му се подига и спушта, односно дека младото момче дише
Семејството на млад Перуанец, кој починал после операција на забот, проговорила за своето искуство за време на погребот.
Телото на Вотсон Фреклин Мандуан Дороте од градот Тинго Марија било во сандак кога некои од роднините забележале дека плуќата му се подига и спушта, односно дека младото момче сеуште дише. Дороте на 21 октомври докторите го прогласиле за мртов, после грозницата и температурата кои ги добил како последица на операцијата на заб.
За време на бдеењето Дороте покажувал знаци на живот, при што бил изваден од ковчегот и веднаш бил префрлен во болница, каде, сепак, било потврдено дека е мртов.
Роднините тврдат дека можеби тој целото тоа време бил жив, но под седативи, кои ги добил за време на операцијата.
Во светот забележани се неколку случаеви на мрдање на мускулите, после смртта.
Но, има многу случај каде луѓето првобитно, по грешка, се прогласувани за мртви. Во март 2014 година, Волтер Вилијамс (79) од Америка бил жив кога бил ставен во вреќа, во која се чуваат лешеви кои се подготвуваат за балсамирање. Конфузијата настанала бидејќи на Волтер му се исклучил пејсмејкерот.
Во Египет во 2012 година, погребот на еден келнер станал славен, бидејќи докторот кој ја утврдил смртта, сфатил дека 28-годишникот е сеуште жив, и покрај срцевиот удар кој го претрпел додека работел.
Девојче (3) од Филипините во 2014 година наводно се разбудила во ковчег за време на погребот. Докторот кој бил присутен рекол дека навистина е жива, а семејството го откажало погребот и го донело девојчето дома. Меѓутоа, мајката подоцна рекла дека докторот ги довел во заблуда, бидејќи според останатите лекари подоцна, девојчето целото тоа време било мртво.
А/Г/