Општина Илинден традиционално по 11-ти пат беше организатор на велосипедска трка која последниве години стана и меѓународна.
Велосипедскиот Клуб & Сервис “ИЛИНДЕН” – Прилеп настапи со двајца свои членови Андреј Maџоски и Константин Костоски.
Двајцата извозија добро на захтевната патека и под тешки времеснки услови, со оглед на високите температури. Андреј го освои третото место во категорија до 15 години, а Константин второ место во категорија до 13 години.