Mладите научници од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп oдлични на Државниот натпревар за млади техничари и природници (Фото галерија)

Денес 09.04.2023 година во ССОУ ”Коле Неделковски” од Велес, се одржа 60-от јубилеен државен натпревар на младите техничари и природници во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници и Народна техника на Македонија.

На натпреварот задоа учество ученици од OOУ “Гоце Делчев” од Прилеп, кои многу успешно се претставија во своите области и освоија бројни награди.

Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили Иваноска од IX одделение се натпреваруваше во областа применета хемија и како најдобра во својата конкуренција многу заслужно го освои првото место и се закити со златен медал. Михајло Обрадовиќ од VIII одделение се натпреваруваше во областа агротехника и освои второ место и сребрен медал.

rbt

Ученичката Софија Димитриеска од IX одделение се натпреваруваше во областа применета математика и освои второ место и сребрен медал, исто така и Михаил Ѓорѓиески IX одделение – роботика, второ место, сребрен медал, под менторство на наставничката Милена Димитриеска.

На натпреварот учествуваа и Теодора Крстеска од IX одделение во областа применета физика и Симона Тасеска од IX одделение-применета географија, под менторство на наставникот Христијан Граороски.

rbt

Им честитаме на младите научници за освоените награди на Државниот натпревари им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.