Mладиот пијанист од Прилеп ниже награди: Прво место на Меѓународниот натпревар “Пијанофест” – Уживајте во неговата изведба (Видео)

Од 11-14 декември се одржа Вториот меѓународен пијано фестивал, кој е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози по пијано од Битола. Натпреварот овојпат се одржа онлајн поради состојбата со кopoнавиpycoт, а учесниците своите изведби ги испраќаа преку видео снимки.

На натпреварот учествуваа 148 пијанисти/ки од 19 земји од светот, кои се натпреваруваа во една преткатегорија и пет категории.

Стручното жири во состав: Даница Стојанова (Македонија), Милица Шкариќ (Македонија), Петар Младеновиќ (Србија) и Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), одлучи првото место во четвртата категорија да му припадне на Арсениј Ангелески од Прилеп, ученик во прва година во средното музичко училиште во Битола.

Ова уште едно големо признание за талентираниот млад пијанист од Прилеп, кој досега има освоено еден куп награди на голем број државни и меѓународни натпревари.

Арсениј натпреварот го заврши со 97,7 поени, а настапи со Sonata No.2 in A-dur, Op.2 No.2 од Бетовен.

Слушнете го во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.