Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево на средби со битолчани
“Бев во битолската населба Јени Маале.
Нашата држава се наоѓа пред одлука каква Македонија сакаме и каква Македонија ќе ја оставиме на идните генерации.
Претседателските избори не се само обичен избор, туку избор од кој зависи судбината на државата. А, работите во реалноста не се добри и не се такви какви што ветуваа од власта.
Победа на претседателските избори ќе значи сигурни предвремени парламентарни избори на кои оваа власт ќе биде победена. Да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот кој не влече на дното, а Заевизмот не е само губење на националното достоинство, туку и криминалот кој го прават на дневна основа.
Нема бизнисмен кој е задоволен, ветуваа подобро здравство и повисоки плати, а ни се случува егзодус на кадри кои си заминуваат од земјава. Ветуваа квалитет во образованието, а немаме универзитет, ниту во првите 1000 во Светот.
Ветуваа правда и мир, а патриотите добија 2 века казна, додека терористи од ИСИС по 6 години.
Додека нема правда ќе нема мир. А, нашата цел е да ја направиме државата подобра и праведна”, напиша Мицкоски на Фејсбук.