Предмалку започна протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, на кој се очекува партијата да го соопшти својот став околу денешното потпишување на договорот помеѓу Македонија и Грција.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски застана на чело на протестот и ги поведе граѓаните по Широк сокак.
Просторот во центарот на Битола е претесен од насобраните граѓани.