Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, седнуваат еден наспроти друг. Што сработи Владата изминатата година, што забележува опозицијата – објави “Maкедонската Радио Телевизија” во најавата за утрешниот ТВ дуел помеѓу двајцата лидери.
ТВ дуелот на првиот сервис на МТВ ќе се одржи утре (23.05.2018) со почеток од 20:00 часот.
ТВ дуелот минатата недела го побара лидерот на опозициската партија, а фрлената ракавица веднаш беше прифатена од премиерот.