Mицкоски до Заев: “Ако го најдам вашиот пријател МицкоВски ќе му пренесам дека го барал еден политичар кој знае да си подлажнува. Македонија ќе ве преживее и Вас и тие околу Вас”

(Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски)

“Ако го најдам вашиот пријател МицкоВски ќе му пренесам дека го барал еден политичар кој знае да си подлажнува и си го признава тоа. Ќе му пренесам дека сте пишувале некои шеги за имплементација на закони. За ова како и за губењето на името, идентитетот, очајната економска ситуација, за тоа колку далеку сме од ЕУ со ваква власт и многу други прашања ќе имаше прилика да дознаеш одговори на дебата која толку многу ја одбегнуваше оваа кампања со Мицкоски.

Eве јас да Ви кажам Zoran Zaev, европските закони ќе се имплементираат кога ќе одговараат сите што барале да се остават илјади евра зад “бишкарникот” на Мирчо.
Македонија ќе ве преживее и Вас и тие околу Вас. Македонците не си ги продаваат честа и достоинството за сто евра.

Дајте да си го сочуваме идентитетот. Откажете се од коцкање со нешто што не е Ваше. Играјте all in со фирмите на Вице, а не со народот”.

#МакедонијаЌеПобеди




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.