Mистериозен црн саркофаг откриен после 2000 години: Мислеле дека го нашле гробот на Александар, но внатре имало вистински УЖАС (ФОТО)

Археолозите во Египет пред две недели пронашле голем саркофаг од црн гранит во Александрија кој е стоел таму 2000 години, недопрен, а сега е конечно отворен.

Набрзо започнале да се ширан различни гласини и теории, од оние дека во него можеби се наоѓаат остатоците на АЛександар Македонски, до тоа дека со неговото отворање ќе се ослободи страшна клетва, пишува “Би-Би-Си”.

Meѓутоа, според археолозите кои го пронашле и отвориле, немало ништо од наведеното.

Наместо тоа, археолозите во него пронашле три костури и кафеаво – црвена отпадна вода, која имала неподнослива миризба.

Египетското министерство за антиквитети го задолжило комитетот на археолози да го отвори саркофагот, кој бил откриен за време на еден градежен проект.

Прво капакот го подигнале околу 5 центиметри, па поради неподносливата миризба морале да прекинат, да го напуштат местото и да почекаат инспекциите да проверат.

Подоцна го отвориле целосно со помош на египетските воени инженери.

“Пронајдовме само коски на три личности. Изгледа дека во прашање е семејна гробница. За жал, мумиите во саркофагот не беа во најдобра состојба, па само коските останале цели”, рекол генералниот секретар на Врховниот комитет за антиквитети, Мустафа Вазири.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.