Тумор ги притискал внатрешните органи на оваа девојка и се стравувало дека може да доживее срцев удар.
24-годишната девојка од Мексико во стомакот имала тумот со тежина од десет новороденчиња, широк половина метар и обем од 157 цм.
Туморот и ги притискал внатрешните органи, а имала тешкотии и со дишењето.
Џиновскиот тумор бил отстранет во локалната болница во Мексико, а снимките покажале дека туморот всушност бил циста на јајникот, која пораснала во неверојатна големина во период од 11 месеци.
Шест месеци после оперативниот зафат, девојката се враќа во нормала и почнува да оди.
Погледнете го видеото:
А.Г.