На денешната пленарна седница посветена на пратеничките прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го потсети Заев на неисполнетите ветувања кон граѓаните. Имено тој му постави три прашања во кои со факти образложи кога, каде и што точно тој им ветил на граѓаните. Милошоски говореше за ветувањето на Заев за инвестиција на Гугл и Фејсбук во Македонија, младинската гаранција како и за ветувањето на Владата за поврат на 15 проценти од ДДВ кон сите граѓаните.
-Ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди преку уставните измени и стане извесно членството на НАТО, кое е важно за вакви компании за да ја реализираат својата инвестиција сите заедно ќе му помогнеме на бордот директори да донесе позитивна одлука за инвестицијата во Македонија – рече Заев одговарајќи на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
На ова му реплицираше Милошоски кој на Заев му порача:
Милошоски потоа даде коментар и на Фејсбук каде напиша:
“Пред година дена и три месеци Заев изјави “во напредна фаза сме.., работам да ги донесам инвестициите на Фејсбук и Гугл за да отворат многу работни места” во Македонија и спомена дека ќе понуди поконкурентен данок на добивка во споредба со Швајцарија (23%), Ирска (19%) и Малта (4,5%), каде овие глобални компании веќе работат.
Денеска во Собранието се обиде да манипулира дека Фејсбук и Гугл ќе инвестирале во Македонија под услов да се сменел Уставот и дека ќе инвестираат кога ќе сме станеле членка на НАТО?!
Премиер е, оди по меѓународни конференции, и дури и мене ми е незгодно што Заев не знае дека
НИТУ Швајцарија,
ниту Ирска,
ниту Малта
НЕ се членки на НАТО, а сепак ги имаат Фејсбук и Гугл како инвестиции. Г-е Заев, не си ја покривајте неспособноста со Уставот и со НАТО, бидејќи на странските инвеститори им треба влада со економски капацитет, правна сигурност, ниски даноци и договарање без корупција! Другото се само манипулации за вашите лажни ветувања”.