Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски ги „поздрави“ актуелниот шеф на дипломатија Никола Димитров и експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по најавата од бугарскиот премиер Бојко Борисов за вето на Македонија за Европската унија ако не ги исполни условите на Бугарија.
ЕУ им определи “специјален, безусловен и мало сутра” датум на Заев и Димитров , прецизен до секунда, соопштен јасно и дрско од премиерот на земјата на источните дијалекти Бојко Борисов во 42мин и 30 секунди, Наздравје бричење предавници, напиша Милошоски на Твитер.
ЕУ им определи "специјален, безусловен и мало сутра" датум на @Zoran_Zaev и @Dimitrov_Nikola , прецизен до секунда, соопштен јасно и дрско од премиерот на земјата на источните дијалекти @BoykoBorissov во 42мин и 30 секунди.
Наздравје бричење предавници! https://t.co/iUtgmnIJzT— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) May 6, 2020