Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антониo Милошоски го исмеa последниот бран на оставки од функционери на опозицијата кои не успеаја да се издигнат над моментот и се откажаа од партијата во најлошиот можен момент.
Имено тој коментира дека во мај 2008 година го потпишал Договорот за стратешка соработка Македонија – САД кој сега се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат.
Тој иронично понесе и лична одгвороност за тоа што додека тој е министер во 2009/10 година Македонија доби безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ и со тоа ја втурнал ВМРО-ДПМНЕ во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.
Јас, Антонио Милошоски, поднесувам неотпивиклива проевропска оставка од сите партиски функции, заради тоа што
1. во Мај 2008ма година го потпишав Договорот за стратешка соработка Македонија – САД, и со тоа сум создал услови за зголемено руско влијание во земјава, кое во овие клучни моменти за нашата партија и држава се појавува како пречка на безалтернативниот евроатлански пат, и
2. затоа што носам лична одговорност што како држава во 2009/10 година добивме безвизен режим за патување со македонски пасош во земјите на ЕУ, а тоа очигледно било само чин на лажен патриотизам кој дополнително не’ втурна во антиевропски изолационизам и меѓупартиски токсични игри.
3. И сатирата е порака!