По втор пат на Светското првенство за млади ракометари до 21 година, Македонија ја демолира Русија. Во разигрувањето на 5-то место на ова натпреварување, младите ракометари ја торпедираа Русија со резултат 36:26 (21:11 на полувремето).
Македонија претходно во групната фаза на натпреварувањето со 29:22 беше исто така подобра од Русија.
Сите се надеваме дека овој историски настап на нашите млади ракометари ќе биде крунисан на вистински начин, а тоа е црвено-жолтите да се пласираат на високото 5-то место во СВЕТОТ.
За таа цел Македонија ќе мора да одигра уште еден натпревар, против Тунис или Унгарија утре, репрезентации кои својот дуел го играат од 16:00 часот.
Според денешниот настап на нашите ракометари видливо е дека брзо е заборавен високиот пораз од Франција во четвртфиналето на ова Светско првенство.