Mузичарите од Прилеп денеска самоиницијативно остварија работен состанок, на кој разговараа за проблемите со кои се засегнати поради Koвид пандемиjaта.
“Еве цела година како не работиме и немаме право на егзистенција, ние сме единствената гранка во општеството кое е дискриминирана и нема право да ги остварува своите работни обврски!
Ние не бараме парична помош од државата, не сакаме да го оптеретуваме буџетот, ние бараме да се изготват протоколи и мерки за конечно да почниме да музицираме.
Како што се изготвија мерки за дикотеки, казина, кафиќи, ресторани итн. возможно е и музичарите да работат и да егзистираат!!!
Апелираме до музичките здруженија каде и ние членуваме, да се направи протокол за работа и да се достави до Владата на Република Македонија, за што поскоро да започнеме со работа, во спротивно масовно ќе излеземе на протести 24/7 блокирајќи го превојот „ПЛЕТВАР“.
Оваа одлука едногласно беше донесена од прилепските музичари каде секој со својот потпис ја поддржа оваа одлука”, стои во дописот од прилепските музичари.