Војската на Србија и Министерството за внатрешни работи денеска во Ниш на парадата “Одбрана на слободата”, ја покажаа својата сила, подготвеност и способност.
На парадата продефилираа пешадиски, моторизирани и воздухопловни ешалони, а најголемо внимание предизвикаа авионите “МИГ 29”, хеликоптерите Ми-35 и модернизираниот тенк т-52.
На парадата учество зедоа повеќе од 4.000 војници и полицајци, околу 300 борбени и неборбени возила и системи и околу 40 летала.
На видеото во продолжение проследете ја целата парада: