На 18.08.2023 во 12,05 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Дабничка“ во Прилеп, Џ.Ш.(34) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Прилеп – информираат од ОВР Прилеп.