Moмчето од прилепско кое прегази двајца пешаци во Охрид, возел без возачка и заврши во притвор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. На 19.06.2025, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, од кои едниот починал. На двајцата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.