Moмироски: Финснсова полиција влезе во прилепската болница, пронашле се’ и сешто!

Во најновата колумна, која новинарот Зоран Момироски секој петок ја објавува на својот Фејсбук профил, пишува за состојбите во прилепската болница “Борка Талески”, каде по налог на Јавното обвинителство од вчера е влезена финансиска полиција.

-Во болницата ,,Борка Талески,, по налог на Јавното обвинителство од вчера е влезена и финансиската полиција. Инспектори со големо искуство го проверуваат целокупното финансиско работење во изминатиот период. Се врши проверка на фискалните каси, платните налози кои ЈЗУ Општа болница со проширена дејност има плаќано кон фирми. Во еден ден пронајдени се многу платни налози, кои еднаш се пишувани на една сума па потоа истите преправани. Притоа во еден ден се префрлани над 1.500.000 денари за наводно извршени услуги. Не се евидентирани ниту донациите кои биле донирани за време на корона кризата. А, поради затекнатата книговодствена и друга финансиска документација повеќе од сигурно е дека скопските инспектори од финансиската полиција во оваа здравствена установа подолго ќе вршат контрола и ќе обезбедуваат докази за можен финансиски криминал, направен од поединци од минатата раководна структура, пишува Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.