Moментите кои го одлучија победникот на НБА лигата – ВИДЕО

37703_kajri_ff

Кливленд е нов шампион на NBA лигата! Кавалирс во неизвесна завршница го победија Голден Стејт и го направија невозможното, се вратија при водство на Вориорс од 3:1 и ја освоија титулата на гостински терен.

Седмата утакмица на финалето се одлучи во последните две минути, а може да се речи дека два моменти беа пресудни и го одредија победникот.

Првиот момент на две минути пред крајот е маестралната блокада на Леброн Џејмс врз Андре Игудала, при една контра на Голден Стејт и при нерешен резултат – 89:89.

Во наредниот напад на Кавалирс, одговорноста ја презеде Кајри Ирвинг. Феноменалниот плејмејкер погоди тројка и така му донесе на Кливленд недостижна предност.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.