Јувентус денеска го крена 36-то Скудето, седмо по ред, но славјето беше проследено со многу емоции и солзи.
После 17 сезони клубот се раздели со легендата на фудбалот Џианлуиџи Буфон, кој денеска бранеше на последниот меч за Јуве.
Целиот “Алијанц” стадион стана на нозе, кога во 63-та минута легендарниот Џиџи беше заменет со третиот голман на Јувентус, Пинсољо, а се со цел Буфон да биде испратен на достоинствен начин, со громогласни аплаузи.
Гргнаа како река солзите кај навивачите на “старата дама”, се извикуваше името на голманот кој до последниот меч беше бедем помеѓу стативите на Јуве.
Фудбалска Европа ќе го памети како најголем џентлмен, човек со големо срце, пожртвуван, лојален …. со еден збор, незаменлив.
Буфон уште во четвртокот преку прес конференција го најави своето заминување од Торино, со можност да ја продолжи кариерата во нова средина.