Големата Мајка – мегалит над Селце
Монументалната скулптура на Големата Мајка, Момата, со три лица висока 67 м. се наоѓа на Селечка Планина три километри источно од селото Селце. Природната скулптура е произлезена од Господовиот природен тек за создавањето. Според некои научници таа е дооформена со човечка рака бидејќи древните жители ја третирале како божество. Доминира во просторот како божество со високи уметнички квалитети. Толкувачите наоѓаат скриени пораки во стилот и ја презентираат за македонска монотеистичка религија на Големата Мајка, Господ Сонце и вселената.
Публицистот и поет Бранко Сотироски во книгата ,,Зета Македонија,, ја третира Момата како Господова солза што претставува Господов сончев зрак.
-Господ Сонце со неговиот диск како божјо око сé гледа. Господова солза е капка роса, која пристига од сонцето преку месечината. Солзата светла но студена, ја наросува вкупната жива природа на Земјата во вид на утринска роса. Таа светлина претставена е со самовилата Солзана – пишува Сотироски .
Според него, скулптурата крие три пораки – три лица. Првото лице е со израз на болка кое моли за изгрев на сонцето. Моли и за мигот на оплодувањето.
Второто лице го симболизира сончевиот зрак, како самовилата Солзана. Нејзиното лице ги искажува следните зборови: ,,Јас и Сонцето во пролетта, со божјата семка, утринската роса, осветлена со сончевите зраци, Господ е во мене,,.
Третото лице е израз на божјата мајка како оплодена, со китка накитена, круна од златно-жолти цвеќиња на главата. Таа е породена – облизната во раст и милувана од сонцето. Таа е обожествена Македонка, родилка на рајот Македонија. Солзана е царица која бдее над своите деца, заштитничка на куќата и Македонија.
Извор: “Неделник Зенит”