Синот на некогашниот капитен на Црвена ѕвезда, Зуфер Авдија, но и кошаркар на Макаби Тел Авив, Дени Авдија, беше избран како деветти “пик” од страна на Вашингтон Визардс.
Но она што привлече поголемо внимание во јавноста од самиот “драфт” на младиот играч беше неговата изјава.
“Мојот татко е Зуфер Авдија. Роден е во Косово, Србија. Бил дел и од репрезентацијата на Југославија и неколку тимови во Израел”, рече Дени, додека во позадина беа прикажувани неговите фотографии и симболи на Црвена ѕвезда.