ДРОН ВИДЕО од протестот “Никогаш Северна, Секогаш Македонија” во организација на движењето “Mлади за Македонија”, кој се одржа на 23 јуни пред Собранието.
“Беше тешко и жешко да се оддржи протестот, бевме замолчувани, но успеавме! Ние како студенти бевме оставени сами на себе да се бориме против зависта на сите стари квази-патриотите со бели и полу-бели коси, криминалци на условно, како и политичари од вонпарламентарните партии желни повторно да се вратат во парламентатот преку нови партии. Од завист, многумина направија се за да не саботираат на нас студентите, за да не успее нашиот протест и да не замолчат на нас студентите. Но ние сме тука за да се бориме за нашата татковина Македонија. Ние сме студенти и нашето најголемо одужје е ЧИСТИНАТА на нашето срце и душа. Ние не се бориме за партии и служби, ние се бориме за иднината на Македонија, ние се бориме за да живееме во Република Македонија, а не Северна. На сите тие кои се обидавте да ни го саботирате протестот, ви порачуваме – Никогаш нема да не сопрете на нас студентите. Ние се тука за да се бориме за нашата иднина и ќе успееме! На сите вас во еден глас ви порачуваме:
Никогаш Северна, Секогаш МАКЕДОНИЈА!!!” – напишаа младите.