Mоќно видео кое претставува компилација од протестните маршеви за време на работното лето и последните пораки на лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
“Народот си ја одбрани и зачува својата татковина, никако не може да се игнорира волјата на 1 милион и 200 илјади граѓани.
Народот испрати сериозна порака дека Зоран Заев не може да биде повеќе премиер и треба да се повлече!
Зоран Заев веднаш да се откаже од договорот, и потоа на избори, па народот да одлучи!
ВМРО-ДПМНЕ нуди решение за излез од оваа криза, напуштање на договорот, осуда на криминалот и правда за секој еден граѓанин во оваа држава, тоа и треба на Република Македонија!
На Македонија и е потребен напредок и победа, а Македонија ќе победи, народот ќе победи само со чесен, искрен и принципиелен пристап.
ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победува заедно со народот!
#МакедонијаЌеПобеди”, напиша Мицкоски на Фејсбук.