Sons of Thunder MC, моторџискиот клуб од Прилеп, во сабота 26.12.2015г., на плоштадот Александрија во центарот на градот, ќе одржат настан во форма на дружење со граѓаните и презентирање на мото културата пред нив.
Ќе има поставено штанд на кој ќе има топол чај за секој кој ќе присуствува и ќе се дружи со членовите на клубот, а на најмладите посетители, членовите на клубот ќе им поделат подароци.
Ова е одлична можност за дружење со овие култни личности, луѓе кои уживаат во возењето и на кои виорот по асфалтот им е опсесија. Секако посетителите ќе имаат можност и да се фотографираат и да однесат вреден спомен со себе.
Инаку за оние кои не се запознати, клубот е формиран во октомври 2012 година, одделувајќи се од друг веќе постоечки клуб МC, во кој членуваа како огранок.
Бидете таму !