Koга Џеси Тобер го извала веренечкиот прстен во понеделникот во Дизниленд, никогаш не очекувала дека и нејзиното момче, Кејси Донован ќе го направи истото.
Двајцата тргнале со истата идеја, да се запросат на нивното омилено место, на ист ден. Кога Тобер го извала прстенот од нејзиниот џеб, Донован се насмеал и рекол: “Дали се шегуваш со мене?!” Тогаш и тој го извадил својот прстен од торбата, а потоа се прегрнале и рекле “ДА”.
Mоментот бил снимен на видео и објавен на Твитер профилот на девојката, а досега видеото е прегледано околу 8 милиони пати.
“Немавме идеја дека било кој од нас ќе го направи тоа”, вели 20-годишната Тобер за “Космополитан”.
“Тоа беше најсреќниот момент, на најсреќното место на светот”, додава таа.
TELL ME WHY WE JUST PROPOSED TO EACH OTHER AT THE SAME TIME AT OUR FAVORITE PLACE I’M SPEECHLESS pic.twitter.com/UaKcQlRTnP
— jesse ? (@virgoprincxss) August 20, 2018
Тобер го планирала својот потег три месеци, а Донован тоа го смислил пред околу еден месец.
“Толку сме синхронизирани како пар, што не сум изненадена дека ова се случи”, вели Тобер.
“Не знам како да го објаснам ова, речиси стана нормално за нас да ни се случуваат вакви нешта”, вели таа.
Парот се запознал во март 2016 година, кога Донован случајно ја заследил Тобер на Твитер. Бил фасциниран од нејзината биографија, а се сретнале во август истата година, кога Донован отишол во Њујорк. Веднаш потоа двајцата ги посетиле Нијагарините водопади.