Moжеби немаме спортисти во финале, но ги имаме најдобрите судии во светот: Битолчанка делеше правда на женското тениско финале на Олимписките игри

Анета Павловска Деспотоска од Битола, го живее сонот на многумина – таа е тениски судија и веќе неколку години е присутна на најголемите тениски турнири во светот.

Битолчанката вчера беше линиски тениски судија на женското олимписко финале помеѓу Кинескињата Кинвен Женг и Хрватката Дона Векиќ, дуел кој го доби тенисерката од Кина со 6:2, 6:3 во сетови.

Предходно да подсетиме во својата кариера Анета Павловска судеше во машкото финале во Токио, а сега беше дел од женскиот меч за златен медал во Париз.

Во нејзината биографија стои дека судела на финалето на Ролан Гарос 2023, во кое играа Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд, но и двете машки полуфиналиња на Вимблдон 2023 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.