Moгилата ќе грми: Силекс мора да падне во Прилеп

17992272_1179266592184400_4896765465080944866_n

Годинашниот шампиоат на Првата лига-дебитанстки за прилепскиот прволигаш Победа, влегува во самата завршница. До крајот на првенството преостануваат уште 8 кола, кои ќе ја дадат разврската околу патниците во Европа, но и одговорот на прашањето кои екипи ќе се преселат во Втората лига.

Победа практично цело првенство е во опасната зона, а како наближува крајот на првенството состојбата станува се покритична. Серијата 4 нерешени резултати и последните 2 порази го запалија црвеното светло.

Опстанокот е доведен во прашање. За тоа се свесни сите во клубот и целокупната прилепска јавност. Очекувањата дека со враќањето во Прилеп и конечното играње на свој домашен терен ќе придонесе до освојување на спасоносни бодови не се остварија во целост.

Но, она што беше помина и зад пропуштените шанси може само да се жали. Сега е дојдено време на се или ништо, избор нема… Мора да се тргне во напад на Силекс. Кратовчани се првиот од серијата 8 противници на патот кон опстанокот во елитното друштво. Во среда избор нема. На Победа и играат само 3 бода… Одговорноста пред се е на фудбалерите и стручниот штаб. Изговори нема и не смее да има… Едноставно мора да изгинат на теренот.

За секоја топка, за секоја педа на теренот. Внатре нема респект, ни кон колега, ни пријател. Се игра на граница, без алиби и пардон.  Ова посебно  важи за фудбалерите. Нека се потсетат само како летаа во ограда во Кратово. Опстанокот во Првата лига, но во некоја рака и иднината на клубот зависи од следните 8 натпревари.

Особено од оние во Прилеп, не дека гостувањата не се битни, но бодови МОРА да се својуваат на своето буниште. А, тука треба да ги видиме прилепскиве петли. Во изминатите 6 натпревари зад нив ќе остане забележана една крајно негативна серија од 7 натпревари, или 638 минути без постигнат гол. Нема сомнение дека напаѓачите мора да се разбудат од зимскиот сон и дојдено е времето и тие да проработат. Да видиме сите дека не заборавиле да даваат голови. И не само тие, туку целиот тим треба да биде во функција за остварување на целта. Сите 11-мина кои ќе цапнат на теренот на АМС на “Могила” да дадат 150% од себе за да се стигне до победа и 3 бода.

Од 1-та минута да им се стави до знаење на кратовчани дека нема што да бараат во Прилеп…
А, најмногу е време фдбалерите да ја пронајдат и да ја вратат својата загубена самодоверба!  Тие се тие истите кога лани ова време газеа се пред себе. Нека се потсетат и тие, но и јавноста дека по поразот од Еуромилк во Охрид (1-2) на 19-ти март, Победа беше во зоната за испаѓање, на 7 место со 23 бода, само 3 повеќе од претпоследниот Гостивар.

Но, од тој меч возот тргна. Тргна серијата која ги однесе до ова што се сега – прволигашки фудбалери. Тие се тие најзаслужните. Тие се тие кои креираа 7 последователни победи – серија остварена за 36 дена (од 26 март и првата победа над Македонија во Скопје, па се до 7-та победа вредна прволигашка прмоција над Љубанци (1-0) на 30-ти април, пред 10.000 гледачи на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,,. Од амбисот наречен регионална лига, за еден месец се издигнавте и го донесовте клубот во Прва лига.

Значи МОЖЕТЕ!!!

МОМЦИ Главата горе! Цела прилепска јавност, верните МАЈМУНИ, цело раководство….СИТЕ стоиме зад Вас…Време е да се пронајдете себе си…

Изиграјте како знаете и умеете. А умеете тоа сигурно го можете и го докажавте на одредени натпревари…Сите веруваат во вас, ја имате подршката од СИТЕ…На Вас останува да се оддолжите со беспоштедна игра…Вратете го победничкиот дух кој знаел да ве краси. ,,Изгинете,, на терен за ПРИЛЕП и за ПОБЕДА, головите и победата ќе ви се вратат…
ПОБЕДЕТЕ и дајте им радост на армијата Ваши фанови кои го бодрат клубт како ниедна навивачка армада во регионот…
ВРЕМЕ Е ЗА ГОЛОВИ, ВРЕМЕ Е ЗА ПОБЕДА, ВРЕМЕ Е ЗА ФК ПОБЕДА!!!

СИТЕ ВО СРЕДА ОД 16 ЧАСОТ НА “МОГИЛА”, НА ПОБЕДА СО СИЛЕКС!!!
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!!!! ДА ГРМИ НА МОГИЛА!!!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.