Полицијата на индонезискиот остров Бали пронашла 24 декорирани човечки черепи подготвени за ритуалот “Макабре” (танц на мртовците). Според прелиминарната истрага на полицијата, утврдени е дека овие черепи биле наменети за непознати клиенти во Европа.
Ова откритие ги шокирало дури и најискусните форензичари, кои никогаш претходно се немале сретнато со ваков случај и како што рекле, до сега мислеле дека ритуалот “Макабре” спаѓа во доменот на мит и теорија на завера.
Обвинетиот тврдел дека черепите се направени од синтетички материјал. Меѓутоа, откако истите биле подложени на научна анализа, се покажало дека се работи за човечки черепи од непознато потекло.