MOЌНО ВИДЕО ОД ПОБЕДНИЧКО КАВАДАРЦИ: Како Митко Јанчев и ВМРО-ДПМНЕ ја прославија големата победа

Нов градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој после вториот круг на локалните избори победи со разлика од над 1600 гласови над Бетиане Китев од СДСМ.

Јанчев во вториот круг, според резултатите на веб страната на Државната изборна комисија, освои 13.180 гласови, додека неговиот противкандидат 11.538.

Со тоа разликата од првиот круг која изнесуваше 500 гласа, се искачи на 1600, а членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци таа победа громогласно ја прославија пред зградата на општината.

Новиот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев истакна дека ќе соработува со сите граѓани и им порача на сите оние кои гласале за кандидатот на СДСМ дека ќе се уверат дека токму тој е вистинскиот човек за прв човек на општината.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.