Moмироски: Прилепчанец со судска одлука добил 24.000 евра оштета од општината за каснување од куче скитник?!

Во најновата колумна на новинарот Зоран Момироски за минатонеделните случувања во Прилеп, инаку 100-та јубилејна, меѓудругото пишува и за случај во кој прилепчанец наводно со судска одлука добил 24.000 оштета од општината за каснување од куче скитник:

-На крајот од оваа јубилејна 100 колумна која му ги боди очите на ,,најспособните,, и на ,,најчесните,, еден куриозитет кој малкумина го знаат и го молчат. Наводоно, во градов на прилепчанец каснат од улично куче ,,скитник,, за оштета од Општината му се исплатени фантастични 24.000 евра?! Да, не е грешка 24.000 евра! Обештетувањето е по донесена судска одлука која во принцип треба да ја платат половина од сумата Општината и половина ЈП Комуналец. Но, бидејќи во сите јавно комунални претпријатија финансиската состојба е катастрофална оваа обврска за обештетување ја има превземено Лоалната самоуправа. Во градот ,,незнам веќе дали е град или село,, проценките се дека има над 600 вакви кучиња кои се ,,башарат,, како да го освоиле Прилеп .Околу 80 одсто од кучињата се донесени и пуштине во градот од селата или од другите градови кои нашле начин као да се ослободат од ,,скитиниците,,. Во просек оштета од каснато куче скитник е меѓу 1500 и 2000 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.