Aктуелниот шпански првак, Барселона, според пишувањата на шпанскиот “Дон Балон” го детектирала наследникот на Лионел Меси. Наводно се работи за играчот на Ливерпул Мохамед Салах.
Се погласни се шпекулациите дека Меси ја игра својата последна сезона во дресот на Барселона. Всушност, 31-годишниот Аргентинец е желен за нов предизвик, а според некои информации на стол има примамлива понуда од Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола, тренерот на Сити, кој инаку имаше доста успешна соработка со Меси во Барселона, би сакал да го доведи во својот актуелен клуб. Исто така, шпанскиот “Дон Балон” тврди дека Меси на Етихад го бара и неговиот кум, Серхио Агуеро.
Истиот весник вели дека Барселона го детектирала и наследникот на Меси, а се работи за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој за 250 милиони евра би требало да го напушти Енфилд и следното лето да се пресели на Камп Ноу.
Колку овие шпекулации се вистинити ќе се знае во престојниот период, но дефинитивно е јасно дека во Каталонија се готви нешто.