Шампионот на Сериа А, припрема понуда од 80 милиони евра за играчот од средниот ред на ПСЖ Марко Верати, пишуваат италијанските медиуми.
Интересот на “Старата дама” за Верати не е тајна, но како што се наведува, францускиот клуб нема намера да го продаде својот најдобар играч.
Како што пишуваат “Калчомеркато” и “Ла Газета дело Спорт”, Верати е мета број еден за Јувентус во летниот прелазен рок.
За италијанскиот репрезентативец, освен “Старата дама” заинтересирани се и Реал Мадрид, Интер и Баерн Минхен.
Доколку Јуве не успее да го доведе во своите редови Верати, втора опција е играчот на Лион, Корентин Толисо, пренесува Фудбал Италија.
А.Г.