Од среда, 16 декември, јавниот живот во Германија ќе биде „замрзнат“. Поради сè поголемиот број новозapaзени со кopoнавиpyc, канцеларката Ангела Меркел и премиерите на федералните покраини ја донесоа таа одлука во викендот.
Со оглед на постојаното зголемување на бројот на лица зapaзени со кopoнавиpycoт, в среда во Германија треба да почне строга или т.н. „тврда“ блокада.
Како што истакна канцеларката Ангела Меркел на прес-конференцијата, „ние сме принудени да дејствуваме и тоа го правиме сега“.
Заедно со премиерите на сојузните држави, на состанокот беше донесена одлука дека сегашните правила за бopба пpoтив ширењето на кopoнавиpycoт ќе бидат зacилени. Сите продавници ќе бидат затвopeни, освен продавниците за дневни потреби за живеење (класични продавници за самопослужување), како и аптеките. Фризерски салони и други активности за услуги кои бараат близок контакт ќе бидат затворени.
Училиштата и градинките исто така се затвораат. Часови ќе се одржуваат само преку интернет, а поддршка ќе добијат само оние родители кои на кој било начин не можат да се грижат за своите деца.
Меркел апелираше до работодавците да им дозволат на нивните работници да работат од дома што е можно повеќе со цел дополнително да ги намалат контактите. За да ги ублажи економските загуби, министерот за финансии Олаф Шолц вети дека ќе им помогне на компаниите погодени од новите мерки. Тој очекува дека овој „пакет помош III“, како што го нарече, ќе чини 11 милијарди евра месечно.
Затворените ресторани (од 2 ноември) и понатаму ќе можат да доставуваат храна.
Мерките ќе бидат привремено олеснети од 24 до 26 декември. Во овој период, на едно домаќинство ќе им биде дозволено да се состане со дополнителни четири лица од потесното семејство. Меркел апелираше до населението да воведе „недела на заштита“ пред празниците со цел да се намали ризикот од инфекција на семејните собири, односно да се намалат нивните контакти на минимум седум дена претходно.
За Нова Година повторно ќе се применуваат построги правила. Покрај тоа, продажбата на пиротехника е забранета.
Баварскиот премиер Маркус Содер потегот го оправда со моменталната состојба во болниците: Службите за итни случаи веќе нема да имаат капацитет за очекувани случаи за луѓе кои би биле повредени од петарди. Покрај тоа, јавната потрошувачка на алкохол ќе биде забранета од 16 декември до 10 јануари.
Мерките ќе бидат на сила најмалку до 10 јануари.