Mepкел со два повици во втopникот cпpeчила вoeн cyдиp во Европа?

Според германските медиуми, канцеларката Ангела Меркел со само еден телефонски повик во вторникот успеала да спречи вoopyжен конфликт во последен момент, кога во Средоземното Море дошло до тензии меѓу Грција и Турција околу малиот остров Кастелоризо во близина на турскиот брег, кои за малку ќе ecкалирале во вoopyжен cyдир.

Според „Билд“ причина за конфликтот се пробни дупчења во потрага по нафта и гас што Турција ги спроведува во непосредна близина на грчките острови, во зоната која Грција ја смета за „ексклузивна економска зона“ (ЕЕЗ), морско подрачје од 200 наутички милји околу островот.

Германскиот најтиражен весник исто така дознава дека поради тоа, 18 турски воени бродови во вторникот навечер биле на пат кон островот Мегисти.

„Билд“ исто така наведува дека Грција ја ставила својата армија во состојба на целосна борбена готовност.

Но, тогаш се вклучи германската канцеларка Ангела Меркел. Таа најпрво телефонираше на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа и на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Резултат: Турција ги повлече своите 16 воени бродови, но остави две во близина на островот. Сепак, тоа предизвика олеснување од обете страни на Егејското Море!, потенцира „Билд“.

Сепак, берлински „Тагесшпигел“ пишува дека е малку веројатно дека ќе има пресврт во спорот околу природните ресурси.

Двете страни веруваат дека се во право. Притоа, тие се повикуваат на разни конвенции и одредби во рамките на поморското право. Двете земји треба да видат дека е неопходна јасна пресуда од независна трета страна. Веднаш треба да контактираат со Меѓународниот суд на правдата или Меѓународниот арбитражен суд. Меркел, ЕУ и НАТО ќе треба да ги убедат своите членки и партнери Турција и Грција. Инаку – се заканува воен конфликт, кој сега само се одложува, стравува коментаторот на весникот „Тагесшпигел“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.