Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник.
Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади, затоa што на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст.
Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници, поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.
Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи, со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости.