Mecи ja напушта Бapселона, а Роналдо Јувентус- ќе играат во ист клуб!

Како стојат работите, во овој преоден рок би можеле да ги имаме најспектакуларните трансфери во историјата на фудбалот!

Имено, постои можност наредната сезона да го гледаме најдобриот тандем на сите времиња, Меси-Роналдо.

Шпанските медиуми вчера ја пренесоа веста дека Лионел Меси сака да ја напушти Барселона. Аргентинецот е paзочapaн и му соопштил на новиот тренер дека не се гледа себе си во каталонскиот клуб. Од друга страна, се шпекулира дека Роналдо нема повеќе да го гледаме во дресот на Јуве. Старата дама е подготвена да го пушти Португалецот, бидејќи неговата огромна плата го преоптеретува буџетот, а самиот Кристијано не е воодушевен од состојбата во клубот.

Според многу европски спортски медиуми, Меси и Роналдо би можеле да завршат само во еден клуб, а тоа е ПСЖ.

Менаџерот на бразилскиот ас Нејмар, Вагнер Рибеиро, изјави дека богатите шеици кои управуваат со францускиот клуб, би можеле да го доведат кој ќе посакаат, па и овој тандем.

“Нејмар е среќен во клубот и мислам дека ќе остане барем уште две години. А денес како стојат работите, полесно е Меси да дојде во ПСЖ, отколку Нејмар да се врати во Барселона. Полесно е да дојдат Меси и Роналдо. Сериозен сум. Не смеете да ја потцените катарската економска моќ”, изјави Рибеиро.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.