Кратка хорор приказна на тема ,, МОЈАТА МИЛА КУРТАШАК ДРЖАВА”. Денес добив казна од 100€ затоа што сум поминала на црвено, на пешачки премин. Не е битно шо семафорот не работи, битно на црвено сум поминала? На кое јадно црвено? – пишува на својот Фејсбук профил Стефанија Стефаноска од Прилеп.
Во својот Фејсбук статус таа ги повикува надлежните од општина Прилеп, МВР и Полициска станица Прилеп и објави фотографија од семафорот кој не работи на раскрсницата кај “Тинекс маркет” во центарот на градот.
-Сега одете локајте по кафеани со парите за кој шо плачам, учам и работам за семестар да платам. Ама не се тоа алал пари, додава Стефанија.