Меѓу приведените за настаните од Собранието на 27 април, приведен е и правнукот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.
Јане Ченто, инаку претседател на македонското патриотско здружение “Пере Тошев” бил приведен вчера утрото, а информацијата ја потврдија и од здружението на нивната Фејсбук фан страна.
Засега не е познато со каква судбина ќе се соочи пред Кривичниот суд во Скопје.